Поранешниот фудбалер на Англија и Ливерпул, Стивен Џерард се пресели во Саудиска Арабија во тимот на Ал Етифак, но уште на почетокот имаше проблеми да се разбере со фудбалерите. Тренерот на подготовките се обидуваше да им ги покаже основните движења и акции, но фудбалерите беа збунети.
🚨| Steven Gerrard leads training for his new side Al Ettifaq.
Language barrier proving some problems. 😅
— CentreGoals. (@centregoals) July 13, 2023
Како да не се навикнати на ваков вид тренинзи, па делуваа комично и изгубено на тренингот. За потсетување, Џерард претходно беше ренер на Ренџерс и на Астон вила, а сега прв пат работи со клуб надвор од Европа.
Ал Етифак минатата сезона заврши на седмото место во првенството на Саудиска Арабија, а најголемите успеси овој клуб ги имаше кога беше првак во 1983 и 1987 година. За потсетување, во овој клуб игра и Дарко Велковски.