Младиот Американец кој стана популарен по видеата на Тик ток, како и патувањата на Балканот се најде среде поплавите во Словенија.
Џастис Рид, неодамна се пресели на Балканот, а последните денови престојува во Словенија. Тој се огласи на социјалните мрежи како последица од поплавите.
„Ова е лудо. Молете се за Словенија“, изјави Џастис.
На видеото кое го сподели, може да се види како водата стигнала до половина од вратите на локалните продавници, а не може ниту да се симне по скалите. Тој ги покажа и рибите кои надошле со поплавите и како пливаат пред вратата. Покажал и поплавени ниви и патишта.
„Погледнете ги патиштата, куќите, се е поплавено. Бидете безбедни, внимавајте. Ова е сериозно“, вели Рид.
Да потсетиме, Џастис Рид нема балкански корени, но одлучил да си даде отказ од работа и да го шета Балканот. Тој неодамна беше и во Македонија, каде среде плоштад ја пееше „Македонско девојче“, ги покажа дупките на плоштадот, но и Скопје го нарече градот на спомениците.
Џастис има над 500 илјади следбеници на Тик ток, а повеќето од нив се од Балканот.