Тренерот на Мајорка, Хавиер Агире побарал од своите фудбалери да му ги скршат нозете на играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, затоа што ги провоцирал на последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, кој се играше викендов, пренесоа шпанските медиуми.
Реал Мадрид победи со 4:1, а Винисијус иако не постигна гол ниту, пак, асистираше, се заборави додека ги славеше головите за својот тим. Медиумите пишуваат дека бил горд и постојано ги провоцирал играчите на Мајорка, кои дури им се пожалија и на фудбалерите на Реал Мадрид.
Тие велат дека наишле на разбирање.
The harrasment Vinícius Jr. suffers from grown men on a football pitch for simply wanted to play football is disgusting. Javier Aguirre was heard by Vini asking his players to break his legs hence why he got mad. Investigate @realmadridpic.twitter.com/4i0s3HUDv0
— Gina 🏆 (@Serginaoo) September 13, 2022
„Стопати му укажавме и му објаснивме дека тоа не е добро за него и тимот“, пренесоа шпанските медиуми и потсетија на триковите на Винисиус со кои се обидел да ги изнервира противниците.
Го снимија и тренерот на Мајорка Агиеро како им зборува на своите фудбалери да му ги скршат нозете.
За потсетување, Винисијус во моментов игра одличен фудбал. Со голот во последното финале во Лига шампиони само дополнително му се дигна самодовербата и така во новата сезона влезе со пет голови и две асистенции.
Сепак постојат работи со кои и понатаму ги излудува своите навивачи и соиграчи.