Турската пејачка Мелек Мосо на сцената за време на нејзиниот концерт си ја отсече косата во знак на солидарност со Иранките.
Инаку, во Иран се случуваат масовни протести, поради смртта на 22- годишната Махса Амини и сè повеќе жени од цел свет им се придружуваат на Иранките кои протестираат. Сечењето на косата стана симбол на отпорот кон иранскиот режим и ужасната казна на жените кои ги кршат исламистичките закони, исто како што тоа го правеше храбрата девојка која наводно неправилно го носела хиџабот, што на крајот ја чинеше живот.
Видеото кое го објави пејачката на социјалната мрежа Инстаграм им се допаднало на 170.000 луѓе. Ова видео беше споделено и на Твитер каде за два дена собра 240.000 прегледи со голем број коментари за поддршка.
Turkish singer @MelekMosso cuts off her hair on stage in solidarity with the Iranian women. Thank you Melek!#MahsaAmini #مهسا_امینی #IranProtests2022 pic.twitter.com/ZjISxjGkAL
— Omid Memarian (@Omid_M) September 27, 2022