Во западниот дел на Норвешка, на препознатливиот залив Хардангер, се отвори пловечки ресторан Ирис. Поради неговата необична локација и уникатниот концепт за јадење, ресторанот за брзо стана хит и посакувано место за престој. Веќе целосно е резервиран до октомври, пренесе „Индекс.хр“.
Гостите ја почнуваат турата од блискиот град Розендал, па преку островот Снилствеитој каде ќе имаат можност да ги пробаат специјалитетите на готвачката Аника Мадсен, се префрлаат на таканаречениот пловен ресторан „Лосовско око“. Вечерта започнува со мултисензорно подводно искуство.
@marieriksmoen Most spectacular restaurant in Norway! #restaurant #spectacular #michelin #michelinstar #iristherestaurant #hardangerfjord #norway ♬ Theme from “A Summer Place” – Percy Faith And His Orchestra
Гостите потоа продолжуваат во трпезаријата каде што се служи мени за дегустација со импресивен поглед на фјордот и блискиот планински венец. Оваа уникатна вечера чини 3.200 норвешки круни, околу 400 евра. За вино можете да доплатите 267 евра или безалкохолни пијалоци околу 160 евра.
Поради сезонската и локалната природа на јадења, веганите, вегетаријанците и оние со одредени ограничувања во исхраната не можат да бидат услужени.
„Лососовото око“ е најголемата пловечка уметничка инсталација во светот. Оваа челична инсталација, која е висока над 14 метри се протега на четири нивоа, над и под водата. Направена е од архитектите во архитектонското студио „Кворнинг дизајн“.