Триесет и осумгодишната Азија Синта Деви од Индонезија трагично загина по пад од лифт на аеродромот во Куала Наму во Медан. Камерата ја снимила како насилно ja отвора погрешната врата, а потоа гледајќи во мобилниот не ја забележува дупката пред неа.
Деви на 24 април се качила на лифтот на вториот кат за да го дочека внукот во делот за пријавување патници на аеродромот. На видеото се гледа како влегува во двостраниот лифт пред да почне да гледа во телефонот. Останала збунета кога лифтот застанува. Не забележува дека вратата од позади се отвори.
Прво почнала да ги стиска копчињата за итни случаи додека се обидува да ја отвори затворената врата од другата страна. Наводно во тој момент зборувала со внуката за да ѝ каже дека е заробена додека истовремено ја турка затворената врата. Истата за момент се отвори и таа паднала во окното на лифтот.
A woman has plummeted to her death at an Indonesian airport after forcing open the doors to a lift and falling down the elevator shaft.
Aisiah Sinta Dewi, 38, rode the lift onto the second floor while she was on her way to meet her niece at the pic.twitter.com/rXUIPaSItN
— MassiVeMaC (@SchengenStory) May 2, 2023
Семејството го молело персоналот на аеродромот да ја побара, но не можеле да ја најдат на терминалот на аеродромот. Била пронајдена дури три дена подоцна поради непријатната миризба која се ширела во основата на лифтот. Персоналот бил веднаш повикан да го испита случајот.
Телото било откриено на дното на шахтата и било извлечено по пет часа. Деди Ал Субур, шефот за корпоративни комуникации на аеродромот, наводно посочил дека несреќата настанала заради дефект на лифтот и тврдел дека Деви се обидела насилно да ја отвори вратата.
Брат ѝ Раџа Хасибуан, не верува дека неговата сестра е виновна и вели дека лифтот бил слабо обезбеден.
„Побаравме снимка од лифтот бидејќи таму изгубивме контакт со неа“, рече Хасибуан.