Викендов во Белград ќе се одржи најголемото натпреварување во фитнес на Балканот

Светските спортски компании Nike, CrossFit NS и техничкиот партнер DD Wellness Solutions викендов во Белград ќе бидат организатори на најголемото натпреварување во функционален фитнес на Балканот.

Во текот на двата дена ќе учествуваат најдобрите 220 натпреварувачи од повеќе од 20 земји. Сите ќе имаат можност да ја покажат својата подготвеност и да освојат вредни награди.

Натпреварувачите ќе се борат за титулата најспособни луѓе на Балканот во неколку категории. Елита, Напредно, Мастер 35+, Скалирано во машка и женска конкуренција и Тим, кој е комбинација од категории и се состои од двајца мажи и една жена.

На завршниот настан на 3 септември победниците ќе добијат парични награди. Настанот ќе запчоне во 16:30 часот на Тасмајдан, каде што сите посетители ќе можат да ги бодрат своите миленици.

Дополнително, сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со новите производи на брендот Nike и од прва рака да ги добијат сите потребни информации.

Сите информации за натпреварот и концептот на самиот настан можете да ги најдете на официјалната страница на Инстаграм @fortfightcompetition.

Scroll to Top