Неколку десетици илјади луѓе се собраа во шпанскиот град Памплона на фестивалот „Сан Фермин“ кде се одржуваат трките на луѓе со бикови. Фестивалот ќе трае до 15 јули.
Облечени во бели панталони и бели кошули, со црвен појас и шал околу вратот, учесниците од утрово пеат, се веселат и пијат вино. На утринската трка низ тесните улички луѓето во секој од деветте дена, трчаат пред шест бикови, а попладне матадорите ги убиваат животните во градската арена пред публика. Остатокот од фестивалскиот ден учесниците го поминуваат во јадење, пиење, гозби и забава. Во трките кои се одржуваат од 1910 година, загинале 15 луѓе – речиси сите од роговите на биковите, а стотици се повредени. Државната телевизија го емитува настанот.
Организацијата „Луѓе за етичко постапување со животните“ (ПЕТА) и оваа година ја осуди оваа сурова традиција и најави кампања со цел одвраќање од фестивалот.