Во спомен на Тоше фанови од Бугарија посадија јапонски цреши во Благоевград

Во паркот „Македонија“ во Благоевград, беа посадени пет дрва од видот јапонска цреша во чест на Тоше Проески. Сликите од настанот ги објави Оксана Рујаноска, која е голем обожавател на песните на Тоше. Таа е член на клубот на обожаватели на Тоше во Бугарија.

„Со парите што ги собравме од вечерта посветена на Тоше во Благоевград, купивме и засадивме јапонски цреши Сакура“, напиша таа и покрај сликите на Инстаграм објави и стих од песната „Цреша“ на Тоше: „Една цреша што ме чека…“

Оксана е голем обожавател на Тоше. На нејзиниот инстаграм-профил има многу фотографии од Крушево и слики поврзани со споменот на починатиот музичар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oksana Rujanoska (@cresa_oksana)

Scroll to Top