(Во живо) Галичка свадба пак ги спои културата и традицијата, се венчаат Оливер Андреевски и Елисавета Булоска

Оливер Андреевски и Елисавета Булоска која има потекло од Охрид се годинешните зет и невеста на јубилејното 60-то издание на манифестацијата Галичка свадба, која се одржува од 14-ти до 16-ти јули.

Ана Сариевска неколку годишен режисер на Галичка свадба, и која се грижи за координацијата и реализација за свадбениот обред, рече дека веќе 20 и повеќе години е учесник на Галичката свадба. Десет години во нејзина организација, а круна на нејзиното учество во оваа претстава под отворено небо било кога во 2014 година била невеста на Галичка свадба.

Следете во живо:

Scroll to Top