Стотина вработени во „Твитер“ си заминале од компанијата по ултиматумот кој им го дал новиот сопственик Илон Маск. Од компанијата привремено ги затворила канцелариите на луѓето кои си дале откази, па сега во прашање се довела и стабилноста на платформата пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Меѓу луѓето од кои си заминале, има голем број инженери кои биле задолжени за отстранување на грешките и спречување на прекин на услугите. Дошло и до расправии и кавги меѓу менаџерите за луѓето на кои требало да им се јават и да ги замолат да останат во компанијата.
Најголем дел од лицата кои си заминале биле оние кои одбиле да го потпишат ултиматумот на Маск. Тој им дозволил да работат од дома, само ако нивните менаџери ќе потврдат дека дале одличен придонес во компанијата.
Од компанијата подоцна објавија мејл дека ќе ги затворат нивните деловни згради и ќе им оневозможат пристап на вработените до понеделник“, објави „Њујорк Тајмс“. На „Твитер“ голем број од корисниците шпекулираа дека сајтот може да падне за неколку часа или денови.