Управата на Меѓународната велосипедска унија (UCI) стави забрана за учество на трките на трансродни жени. Забраната ќе започне од 17 јули, a oд унијата велат дека акцијата е превземена со цел да ги заштитат женските натпреварувачки на своите турнири.
„Потребно е да се преземат мерки да се заштити женската класа и да се обезбедат еднакви можности“, велат од таму и додаваат дека натаму ќе ја следат науката по ова прашање.