Модната куќа ЗЕРО одбележува една година од своето постоење.
По повод првиот роденден, брендот промовираше специјална колекција на свечени тоалети, кои се вистински избор за незаборавните матурски и апсолвентски прослави, како и други значајни настани за младите припаднички на понежниот пол во летната сезона која ни претстои.
Во изминатата година ЗЕРО и понуди па македонската модна сцена уникатни модели, со истакнати нијанси на италијанскиот моден шарм, кои особено ја потенцираат грациозноста и природната убавина на жената. Сите линии доживеаја голем успех, особено кај помладите генерации, кои сакаат да ја покажат својата храброст со носењето на смели парчиња гардероба.
![]()
Од ЗЕРО најавуваат нови колекции, кои овојпат ќе понудат модни решенија за жените од различни генерации и за различни пригоди, со цел секоја жена, носејќи ги моделите на ЗЕРО, да се почуствува елегантно, грациозно, но притоа и удобно, како и дека е во тек со светските модни трендови.
![]()
„Во текот на мај, како месец на својата годишнина, ЗЕРО БРЕНД во својот ексклузивен салон во центарот на Скопје ќе има специјални понуди и попусти за своите клиенти“, посочува бренд менаџерката Дучевска и ги покани сите девојки да го посетат атељето на ЗЕРО БРЕНД и да пробаат некој од екслузивните модели.
![]()
ЗЕРО е дел од групацијата ФЕРОИНВЕСТ/ЦЕНТРАЛИНВЕСТ и одлично се вклопи во имиџот на сериозен бренд и деловен успех изграден во последните две децении.





