Зградите на младиот изведувач Мехмет Акин Ончул (41), се меѓу ретките што не се урнати во земјотресот кои ја потреси Турција и Сирија. Ончул рече дека заради тоа добил многу благодарници и честитки.
Рече дека неговите згради се пример како треба да се гради, но дека има и лоши примери. Многу луѓе го прашале како се урнале другите згради, а неговите останале недопрени.
„Пред се, нашата болка е голема. Сакаме да изразиме сочувство до семејствата на сите настрадани во нашата земја. Се трудиме да работиме во согласност со законските прописи. Секогаш сме на работа со нашиот технички персонал. Придаваме важност на инспекциите и контролите во секоја фаза од изградбата. Бидејќи Компанијата продолжува со нашите активности во Кахраманмарас. За среќа, немавме тешко оштетена зграда во земјотресот“, рече младиот изведувач.
Новинарите на „Си-Ен-Ен Турк“ со уште неколку нивни колеги ја посетија продавницата и се прашуваа како е можно работите да си останат на место. Продавницата „Ева Хоум“ се наоѓа на приземјето на зградата, и била затворена кога се случил земјотерсот.
„Изведувачите градат според законот. Како што објасни претседателот, 98 отсто од урнатите згради биле изградени според законите и прописите пред 1999 година. Освен тоа, ако зградата има пукнатина, дефинитивно ќе биде оштетена без разлика колку е силна. Работиме заедно со градежни инженери и архитекти. Ова е тимска работа“, рече Ончул.
Сопственикот на продавницата, Џенгизан Кабул рече дека го изненадил земјотресот, но уште повеќе се изненадил кога следниот ден видел дека работите во продавницата си останале на место.
“Бев изненаден како сите. Ден по земјотресот отидов да ја видам и бев шокиран. Сè беше како што оставив. Ништо не беше скршено во магацинот. Продавницата беше затворена во неделата. Исто како што ја оставив во саботата вечерта, така ја најдов во вторник“, рече Ончул.