Жена очајнчики го бара згодниот непознат маж што го бакнала на фестивал

Една жена тргна во очајна потрага по мистериозен маж со кој се бакнла на музички фестивал и ова предизвика голема „онлајн забава за пребарување“. Натали Џонс ги замоли слушателите на радио емисијата што ја води да идентификуваат маж со кој имала интимен момент додека чекала на ред за пијачка на фестивал . Потрагата го привлече вниманието на илјадници луѓе и на крајот човекот, по име Кол, беше пронајден и повторно се соедини со дамата со која се бакна.

Натали е една од водителките на попладневното шоу Q102 неделно во Синсинати, Охајо и присуствуваше на музички фестивал во Лексингтон, Кентаки, каде што го запозна Кол. Таа и Кол разговарале  додека чекале да купат пијалок, а потоа одеднаш се бакнале.  Фестивалот заврши, а Натали сакаше да знае која е згодниот мисттериозен маж кој го бакнала. Таа  објави сликата на Фејсбук и привлече голема внимание, па многу од корисниците се вклучија во случајот за да го пронајдат. Преку интернет успеаја да го пронајдат Кол, кој подоцна се појави во радио шоуто на Натали со нејзините ко-водители Рој и Фреди Мек.  „Се запознавне, таа ми кажа што работи,  потоа и кажав јас што работам, малку муабет и  други работи…Таа рече ќе ги плати пијачките и јас и велам, „аааа… не знам“

Тој рече дека Натали „инсистирала“ да му ги купи пијалоците, а потоа тие „седнале кај барот и едното водело кон другото“.
Ко-домаќините на Натали прашаа зошто Кол не го побарал бројот на Натали, но тој рече: „Се се случи толку брзо“ . Тој рече дека бакнежот бил „дефинитивно момент“ и признал дека ја барал Натали на интернет со тоа што видел дали оставила рецензија на Гугл за фестивалот.
Натали призна дека мислела дека Кол можеби бил на ергенска забава, но сепак останала заинтригирана по средбата. Кол ја увери Натали дека „апсолутно не е“ во врска и парот се согласи да продолжи да разговара и покрај тоа што живеат во градови оддалечени пет часа еден од друг. „Никогаш не сум се обидел со врска на далечина иако изгледаме навистина добро заедно“, рече Кол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roy, Nat & Freddy Mac (@thernfshow)

Scroll to Top