Животните приказни на Наталија и Јована и покрај врската на далечина со Јокиќ и Ѓоковиќ, љубовта е таа која на крајот победила 

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и кошаркарот на Денвер Никола Јокиќ за само два дена испишаа спортска историја во целиот свет. Двајцата ја направија Србија најсилната спортска нација. А зад овие успешни спортисти стојат и успешни силни жени, Наталија Маќешиќ и Јелена Ѓоковиќ.

Нивните љубовни приказни започнале уште пред да се случат славата и бројните успеси. Она што е заедничко за двете е тоа што се разделиле од партнерите пред да ги завршат студиите во странство.

Нивната љубов била ставена на тест, но доказ дека се силни и успешни е тоа што денес Јелена може да се пофали со диплома од Универзитетот „Бокони“ во Милано, каде завршила бизнис администрација, а Наталија дипломирала на Универзитетот „Семинол Стејт“ во Америка на отсекот психологија.

Сопругата на Јокиќ, Наталија е една од најпознатите жени во Србија. Сигурно е дека многу девојки би сакале да бидат на нејзино место, особено кога ќе слушнат со колку љубов и почит Никола зборува за неа. Нивната љубовна приказна започнала во 2013 година, уште во средношколските денови.

Никола неодамна се потсети како се запознале и како го освоила.

„Се запознавме преку заеднички пријатели. Бев со моето друштво во кафуле кое работеше до полноќ, а кога се затвори, седевме на клупата надвор. Една вечер бевме само ние двајцата. Потоа дојде и Наталија. Ми се допадна одма штом ја видов. Но, не и кажав веднаш. Почнавме да се дружиме од следната година. За целото тоа време ги криев емоциите. Првиот пат кога ѝ кажав дека ми се допаѓа, не добив никаков одговор. Мудро молчеше“, рече Јокиќ.

Тогаш Јокиќ играше за Војводина, а Наталија се подготвуваше за колеџ во Америка. Иако далечината им била пречка, сепак нивната љубов била посилна.

„Отидов во средното економско училиште, а Наталија требаше да оди во Америка. Таа веќе беше запишана на психологија на „Семинол Стејт Колеџ“. Два месеци откако почнавме да излегуваме, таа си замина“, рече Јокиќ.

Далечината влијаела на кариерата на Јокиќ. Се зборувало дека ја изгубил волјата за игра. Но, брзо потоа среќата им се насмевнала. Во 2014 година, Јокиќ беше драфтуван од Денвер Нагетс како 41. пик од втората рунда, а една година подоцна, на 28 јули 2015 година, потпиша договор со овој тим.

Откако се преселија во Америка, кариерата му тргна нагоре. По седум години врска, се венчаа во 2020 година. Свадбата се одржа во родното место на Јокиќ, Сомбор. Последниот ден од септември 2021 година, ја добија ќерката Огњена.

Нивната љубовна приказна не остана незабележана ниту во Америка. Беа претставени како џин и мало девојче, со оглед на тоа што Никола е висок 213 сантиметри, а Наталија е 40 сантиметри пониска.

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ и Јелена се запознале во средно училиште. Тенисерот основно училиште завршил во Бањица, додека Јелена била во центарот на Белград. Првата средба се случила во спортска гимназија.

Јелена имала љубов кон атлетиката, додека Новак се интересирал за тенисот. Сепак, поради обврските морал да го прекине образованието. Ѓоковиќ во една прилика откри како Јелена го освоила. Рече дека му било драго што се заљубила во него пред да следи успешната кариера.

„Ме освои со насмевката. Се разбира изгледот е секогаш на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и му благодарам на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех бидејќи знам дека е со мене, поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа кај неа нејзината искреност. Тоа е она што не прави среќни“, рече Ѓоковиќ.

Јелена по средното училиште се запишала на факултет во Италија, каде подоцна докторирала. Далечината влијаела и на нивниот однос, но и тие ја надминале оваа пречка.

„Нашите средби  беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си дозволи да студира во странство, а тој беше тенисер кој исто така немаше пари да финансира скапо патување. Авионите ни беа како вселенски бродови, не можевме да си дозволиме да патуваме“, рече Јелена.

Таа есега е директорка на неговата фондација преку која организира бројни хуманитарни акции. Се верија по осум години врска, а една година подоцна се венчаа во Црна Гора, на Свети Стефан, само четири дена откако Новак го освои Вимблдон.

Денеска Новак и Јелена ги имаат синот Стефан (9) и ќерката Тара (5), живеат во Монте Карло и Белград. Семејството Ѓоковиќ се обидува секој турнир на Новак да го гледа и да му биде негова најголема поддршка и мотивација.

Scroll to Top