Министерството за туризам и млади на Србија го прогласи Златибор за туристичко место од прва категорија. Одлуката ја донесоа по проценка на обемот на туристички сообраќај во претходните три години и степенот на изградба на комунална, сообраќајна и туристичката инфраструктура.
Раководсктвото на оштината Чајетин и Туристичката организација на Златибор оцени дека ова е уште една потврда дека сите вложувања во развојот на туристичката економија на општината придонеле градот да биде препознаен како една од водечките туристички локации во Србија и регионот.
Подрачјето на туристичкиот град Златибор опфаќа три целини: Златибор центар во чии рамки се сместени и потединците Палисад, Краљева вода и трговскиот центар Златибор, населбата Златибор во која спаѓаат населбите Голија, Слобода, Јелена Анжујска, Обудовица и други и периферијата Златибор (населбите Зова, Око, Караула, Рујан и други.
Согласно Законот за туризам, решението за класификација на населеното место Златибор во прва категорија туристичко места на Србија е издадено со период од три години.