Патниците на автонскиот лет Тампа – Њујорк при самото слетување, забележале дека во авионот змија. Еден од патниците ја видел змијата под неговите нозе кога авионот слетал на аеродромот Њуарк Либерти.
Како што пишува CNN, полицијата и вработените на аеродромот веднаш реагирале и ја отстраниле змијата и нема повредени.
Патниците од бизнис класата почнале да врскаат и да креваат нозе, кога авионот почнал да слетува, раскажал патник.
„Јунајтед ерлајнс“ вели дека членовите на екипажот побарале помош од службениците на аеродромот откако патниците ги предупредиле за змијата.
Според Здружението за диви животни во Северна Каролина, тоа е неотровен вид градинарска змија која често се наоѓа во градините каде што помага во контролата на штетниците