Бела Хадид во златна креација повторно во центарот на вниманието на Канскиот фестивал

Бела Хадид уште еднаш докажа зошто важи за една од најубавите жени во светот, откако со своето појавување на Кански филмски фестивал буквално ги остави сите без зборови.

Славната манекенка присуствуваше на гала настанот „Miracle Gala“, организиран од луксузниот бренд Chopard, а за таа пригода избра спектакуларна златна креација од Elie Saab.

Архивскиот фустан со длабоко деколте, проѕирни детали и раскошни светкави елементи совршено ја истакна нејзината фигура, додека целиот изглед делуваше гламурозно, елегантно и исклучително женствено.

Бела комбинацијата ја надополни со златни сандали, впечатлив накит и романтична фризура со меки кадрици и шнола во косата. Нејзината природна убавина дополнително беше нагласена со суптилна шминка која совршено се вклопи со целиот стајлинг.

Манекенката на фестивалот пристигна во друштво на својата мајка Јоланда Хадид и братот, а нивното појавување привлече огромно внимание кај фотографите и медиумите.

Модните критичари веќе ја вбројуваат оваа комбинација меѓу најдобрите изданија на Бела Хадид досега, а многумина коментираат дека по раскинувањето со поранешниот партнер таа никогаш не изгледала посамоуверено, посекси и поелегантно.

Scroll to Top