Бетина Андерсон ја покажа венчалната бурма по свадбата со Доналд Трамп Помладиот: „Засекогаш твоја, засекогаш мој“

Бетина Андерсон сподели емотивна фотографија од нејзиниот венчален прстен по официјалното стапување во брак со Доналд Трамп Помладиот, син на американскиот претседател Доналд Трамп.

На фотографијата, објавена на Инстаграм стори, двојката се држи за раце, а во преден план се гледаат нивните венчални прстени. Бетина носи едноставен и елегантен тенок златен прстен, додека Доналд Трамп Помладиот избрал класичен прстен со поширок дизајн.

„Засекогаш твоја, засекогаш мој“, напиша Андерсон во описот на фотографијата, додавајќи бело срце и означувајќи го својот сопруг.

Фотографијата беше објавена само неколку дена откако парот официјално склучи брак во четвртокот. Според документи од матичните записи во Палм Бич, Флорида, двојката законски го финализирала бракот пред свадбената церемонија.

Подоцна тие размениле брачни завети на приватна церемонија пред околу 40 гости. Меѓу присутните биле братот и сестрите на Доналд Трамп Помладиот – Иванка, Ерик и Тифани Трамп со нивните партнери, како и шесте деца што Доналд Трамп Помладиот ги има од претходниот брак со Ванеса Трамп.

На свадбата присуствувале и блиски пријатели и членови на семејството на Бетина Андерсон.

Ерик Трамп за медиумите изјавил дека двојката одлично функционира заедно.

„Дон и Бетина се прекрасни заедно. Горди сме што бевме сведоци на нивното патување како пар. Тие едноставно блескаат кога се заедно и не можеме да бидеме посреќни за нив“, изјавил Ерик.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп претходно соопшти дека нема да може да присуствува на свадбената церемонија.

„Иако многу сакав да бидам со мојот син Дон Помладиот и најновиот член на семејството Трамп, околностите поврзани со државните обврски и мојата посветеност кон Соединетите Американски Држави не ми дозволуваат да присуствувам“, напиша Трамп.

Тој претходно изјави дека би сакал да присуствува, но додаде дека времето не е поволно поради актуелните меѓународни случувања, вклучително и ситуацијата поврзана со Иран.

Двојката наводно ја прославила свадбата на приватен остров на Бахамите за време на празничниот викенд, а според претходни информации, Доналд Трамп Помладиот ја запросил Бетина Андерсон во декември во Кемп Дејвид.

Доналд Трамп Помладиот, кој има 48 години, е најстарото дете на Доналд Трамп и неговата прва сопруга Ивана Трамп, а разводот со Ванеса Трамп го финализираше во 2019 година.

Scroll to Top