Организаторите на овогодинешниот Евровизиски натпревар го објавија официјалниот редослед на настапите за големото финале кое ќе се одржи во сабота во Виена.
Распоредот беше формиран по ждрепката што се одржа веднаш по двете полуфинални вечери, кога дел од земјите беа распределени во првата или втората половина од финалето, додека останатите завршија во категоријата „одлука на продуцентите“, што им овозможи на продуцентите дополнително да го креираат финалниот редослед на настапите.

Меѓу регионалните претставници, Србија ќе настапи деветта со групата „Лавина“, додека Хрватска, претставувана од групата „Лелек“, ќе се појави на сцената како 13-ти изведувач.
Финалната вечер ќе ја отвори Данска, по што следуваат Германија и Израел. Еден од главните фаворити за победа, финскиот тандем Линда Лампениус и Пит Паркконен, ќе настапи 17-ти, додека честа да го затвори шоуто ќе ја има Австрија.
Во финалето ќе настапат вкупно 25 земји, а публиката ја очекува уште една спектакуларна евровизиска вечер исполнета со различни музички жанрови, сценски настапи и голема конкуренција за престижната титула.
Официјален редослед на настапите во финалето на Евровизија 2026:
- Данска
- Германија
- Израел
- Белгија
- Албанија
- Грција
- Украина
- Австралија
- Србија
- Малта
- Чешка Република
- Бугарија
- Хрватска
- Обединето Кралство
- Франција
- Молдавија
- Финска
- Полска
- Литванија
- Шведска
- Кипар
- Италија
- Норвешка
- Романија
- Австрија
Големото финале ќе се одржи во сабота со почеток од 21 часот, а според обложувалниците најголеми фаворити за победа годинава се Финска, Австралија и Грција.






