Финска гази кон победа? Обложувалниците го открија главниот фаворит пред финалето на Евровизија

Евровизиската трка вечерва влегува во големото финале, а според најновите прогнози на обложувалниците, Финска и натаму останува главен фаворит за победа на 70-тото јубилејно издание на Евровизија 2026 кое се одржува во Виена.

Во финалната вечер ќе настапат 25 земји, а милиони гледачи ширум Европа ќе го следат изборот на новиот евровизиски победник.

Според моменталниот распоред на обложувалниците, Финска од почетокот на евровизиската недела се наоѓа на врвот и важи за најсериозен кандидат за триумф. Во групата на највисоко рангирани земји се и Австралија, Грција, Израел и Романија.

Сепак, евровизиската историја покажува дека прогнозите на обложувалниците не секогаш го предвидуваат конечниот победник. Во последните години финалните резултати честопати носеа големи изненадувања, особено по гласањето од публиката.

Победникот и оваа година ќе биде избран преку комбинација од гласовите на националните жири-комисии и телефонското гласање на публиката, што традиционално знае целосно да ја промени табелата во последен момент.

На дното од прогнозите во пресрет на финалето се наоѓаат Србија, Обединетото Кралство, Литванија, Германија, Белгија и домаќинот Австрија.

Организаторите најавуваат спектакуларно шоу со врвна продукција, сценски ефекти и специјални изненадувања по повод 70 години од постоењето на Евровизија.

Scroll to Top