На својот инстаграм-профил водителката на квизот „Сè или нешто“, Лила Филиповска, се пофали со карикатура со нејзиниот лик што ја добила од еден од учесниците во квизот.
Покрај фотографијата таа напиша: „Ја сакам мојата работа, го сакам мојот живот, живот на водител, забавна слика“. Карикатурата очигледно им се допадна и на нејзините следбеници кои не ги штедеа комплиментите за уметникот.







