(ФОТО/ВИДЕО) Антонија Гиговска во бразилски бои: Со едно бикини откри за кого навива на Мундијалот

Македонската поп-пејачка Антонија Гиговска повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи видео и серија фотографии кои за кратко време предизвикаа бројни реакции и коментари.

Младата пејачка на својот Инстаграм профил позираше во впечатливо зелено-жолто бикини, а многумина веднаш забележаа дека боите асоцираат на знамето на Бразил. Со тоа, според дел од фановите, Антонија на интересен и креативен начин открила за која репрезентација ќе навива за време на Светското првенство.

Фотографиите, направени во летна атмосфера и под силното сонце, за кратко време собраа илјадници лајкови и десетици позитивни коментари. Нејзините следбеници ја пофалија за изгледот, самодовербата и енергијата што ја пренесува преку објавите

Бразилската репрезентација традиционално важи за една од најпопуларните во светот на фудбалот, а зелената и жолтата боја се нејзин препознатлив симбол. Токму затоа, многумина сметаат дека изборот на бикини не бил случаен.

Иако Антонија директно не наведе за кого навива, комбинацијата на бои на нејзините бикини беше доволна за фановите да заклучат дека симпатиите ѝ се насочени кон „Кариоките“.

Сепак на крај од видеото таа го облече бразилскиот дрес со што го потврди првичните наводи за тоа која репрезентација и е фаворит.

Покрај тоа што редовно ги изненадува следбениците со фотографии од приватниот живот, Антонија Гиговска останува една од најпопуларните млади македонски пејачки. Таа во изминатите години изгради успешна музичка кариера со бројни хитови и настапи низ земјата и регионот.

Нејзините објави на социјалните мрежи често привлекуваат големо внимание, а секој нов пост станува тема на разговор меѓу нејзините фанови.

Со најновата фотосесија, Антонија уште еднаш покажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста и да ја разбуди љубопитноста кај својата публика.

Scroll to Top