(ФОТО) Ѕвездата на серијата „Елита“ е новата девојка на Мбапе? Заедничките фотографии ги разгореа гласините

Францускиот фудбалски ас Килијан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради своите настапи на теренот, туку поради наводната љубовна врска со шпанската актерка и модел Естер Експосито. Иако ниту еден од нив официјално не ја потврдил или демантирал романсата, фотографиите од нивното заедничко појавување на луксузна јахта покрај брегот на Сардинија предизвикаа голем интерес во светските медиуми.

Двојката беше фотографирана во опуштена атмосфера, а според присутните, разменувале нежности и не се обидувале да се сокријат од љубопитните погледи. Токму тоа дополнително ги засили шпекулациите дека меѓу нив постои љубовна врска.

Естер Експосито е една од најпознатите млади шпански актерки, која светската слава ја стекна со улогата на Карла Росон Калеруега во хит-серијата „Елита“ на „Нетфликс“. Серијата, која комбинира мистерија, драма и општествена критика, стана глобален феномен и ја вброи Естер меѓу најпопуларните европски актерки на својата генерација.

Родена е на 26 јануари 2000 година во Мадрид, а со актерска обука започнала уште на 16-годишна возраст. Пред големиот успех со „Елита“, настапуваше во сериите „Vis a Vis“, „Centro Médico“ и „Estoy Vivo“, а подоцна ја продолжи успешната кариера и со филмовите и сериите на „Нетфликс“, меѓу кои „When Angels Sleep“ и „Someone Has to Die“.

Освен актерската кариера, Естер Експосито е и една од најследените шпански ѕвезди на социјалните мрежи. Благодарение на својот препознатлив стил и моден вкус, таа стана заштитно лице на повеќе престижни модни брендови и редовен гостин на најголемите светски модни настани.

Од друга страна, Килијан Мбапе и понатаму не коментира за својот приватен живот. Сепак, нивното заедничко појавување на Сардинија беше доволно за медиумите да ги прогласат за новиот славен пар на европската јавна сцена.

Иако засега нема официјална потврда за нивната врска, фотографиите и нивното однесување во јавноста ги поттикнаа гласините дека еден од најдобрите светски фудбалери и популарната шпанска актерка започнале нова љубовна приказна.

Scroll to Top