Холивудски гламур во Лондон: Ен Хатавеј и Микаела Коел блеснаа на премиерата на „Mother Mary“

Холивудските ѕвезди Ен Хатавеј и Микаела Коел се појавија на специјалната проекција на филмот „Mother Mary“ во Лондон, каде веднаш го привлекоа вниманието на јавноста и медиумите.

Настанот се одржа во познатото кино во центарот на градот, а двете актерки блеснаа на црвениот тепих со впечатливи модни комбинации и одлично расположение. Нивното појавување предизвика голем интерес, особено поради хемијата што ја имаат и на филмското платно.

Филмот „Mother Mary“ е психолошка драма во режија на Дејвид Лоури, во која Хетавеј ја толкува улогата на поп ѕвезда, додека Коел игра модна дизајнерка – нивните ликови се поврзани со сложена и емотивна приказна.

Во последниот период, актерките активно го промовираат филмот низ светот, а секое нивно појавување станува моден настан сам по себе. Слично беше и во Лондон, каде што нивниот стил и присуство доминираа на премиерата.

Настанот дополнително ја засили возбудата околу филмот, кој веќе привлекува внимание кај публиката и критиката, а многумина очекуваат дека ќе биде едно од најзборуваните остварувања годинава.

Scroll to Top