Убави вести пристигнуваат од Холивуд – Камерон Диаз повторно стана мајка, и тоа по третпат, заедно со својот сопруг Бенџи Меден
Актерката и музичарот, кои се во брак од 2015 година, ја споделија радосната вест преку социјалните мрежи. Бенџи објави дека нивното семејство станало побогато за уште еден член – син по име Наутас Маден.
„Среќни сме, возбудени и благословени“, напиша тој, додавајќи: „Добредојде на светот, сине“.
Парот веќе има две деца – ќерката Радикс, родена во декември 2019 година, и синот Кардинал, роден во март 2024 година. И двата пати родителството го остварија со помош на сурогат мајка.
Иако не беше објавена фотографија од новороденчето, Бенџи сподели симболична илустрација на брод и го објасни значењето на името Наутас – „морнар“, „патник“ или „навигатор“, што симболизира некој што не се плаши од нови патувања и предизвици.
Камерон Дијаз дополнително ја потврди радоста со емотивни реакции во коментарите, споделувајќи срца и ѕвезди, со што уште еднаш ја покажа среќата поради проширувањето на семејството.
Со оваа вест, холивудската ѕвезда уште еднаш покажа дека семејството ѝ е на прво место, додека јавноста со воодушевување ја поздравува новата принова.





