Рита Ора пред концертот во Охрид: Подготвени ли сте за незаборавна вечер? (ВИДЕО)

Светската музичка ѕвезда Рита Ора испрати специјална видео порака до своите фанови во Македонија во пресрет на големиот концерт што ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во краткото видео, популарната пејачка со возбуда ја поканува македонската публика да биде дел од музичкиот спектакл кој веќе се најавува како еден од најголемите концертни настани ова лето во земјава и регионот. Нејзината порака за кратко време предизвика огромен интерес на социјалните мрежи, каде фановите со нетрпение го очекуваат нејзиното пристигнување во Македонија.

По настапите на најголемите светски сцени, милијардите стримови на музичките платформи и бројните хитови кои со години се наоѓаат на врвовите на светските топ-листи, Рита Ора ќе настапи пред македонската публика со шоу кое ветува врвна продукција, енергија и незаборавна атмосфера.

Концертот во Охрид ќе биде вистински музички спектакл, а покрај Рита Ора на сцената ќе настапат и регионалната музичка сензација Сенида, како и македонските хитмејкери 2Бона. Организаторите најавуваат вечер исполнета со бројни хитови, современа сценографија, визуелни ефекти и програма која ќе трае до доцните вечерни часови.

Настанот дополнително го позиционира Охрид како една од најатрактивните концертни дестинации во регионот, а интересот за билетите расте од ден на ден. Според најавите, се очекува присуство на посетители од Македонија, но и од соседните земји.

Рита Ора, која е една од најуспешните поп-ѕвезди со балканско потекло, зад себе има бројни светски хитови, соработки со најголемите музички имиња и настапи на најпрестижните фестивали и арени ширум светот. Нејзиниот концерт во Охрид претставува ретка можност домашната публика во живо да ужива во нејзиниот препознатлив музички стил и сценска енергија.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на добрата музика навреме да ги обезбедат своите билети и да бидат дел од вечерта која ќе го претвори Охрид во музички центар на Балканот.

Билетите за концертот се веќе пуштени во продажба преку платформата kupikarta.com, како и на продажните места низ Македонија.

Scroll to Top