Средбата на Хари и Меган со кралот Чарлс не поминала како што се очекуваше: „Се претвори во вистински кошмар“

Принцот Хари и Меган Маркл, заедно со нивните деца – принцот Арчи и принцезата Лилибет – неодамна се сретнаа со британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила, првпат по четири години и првпат откако монархот објави дека боледува од рак.

Средбата се одржала во Хајгроув Хаус, приватната резиденција на кралот во Глостершир, а Бакингемската палата потврди дека таа се случила, но најави дека фотографии од семејното дружење нема да бидат објавени.

Сепак, според кралскиот автор Кристофер Андерсен, атмосферата не била толку срдечна како што многумина очекувале.

„Се добива впечаток дека, од перспектива на Меган, средбата со Чарлс и Камила не беше баш топла и пријатна“, изјави Андерсен за Page Six.

Од друга страна, извор од Бакингемската палата го оспори ова тврдење, наведувајќи дека станува збор за приватна семејна средба и дека не е јасно како авторот би можел да знае што навистина се случувало.

Според претходни информации на Page Six, војводата и војвотката од Сасекс не добиле државно обезбедување за престојот во Велика Британија, а Бакингемската палата ја повлекла понудата двојката да престојува во кралска резиденција. Поради тоа, принцот Хари поголемиот дел од посетата бил сам.

Извор за магазинот People тврди дека патувањето за Меган Маркл „се претворило во вистински кошмар“, поради што таа со децата заминала од Велика Британија порано од планираното.

Во меѓувреме, принцот Хари останал во земјата поради обврските поврзани со промоцијата на „Инвиктус игрите“, каде присуствувал на неколку официјални настани, меѓу кои и посетата на детска болница и настанот „One Year to Go“.

Андерсен смета дека Меган се чувствува многу посигурно во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија, и не сака да остави впечаток дека размислува за враќање кон активниот кралски живот.

Во меѓувреме, Page Six објави и дека Хари на настанот TIME100 Sports Gala им рекол на присутните дека Меган, Арчи и Лилибет се „среќни што повторно се дома“ во Калифорнија.

Принцот Хари и Меган Маркл се повлекоа од должностите како високи членови на британското кралско семејство во 2020 година, по што се преселија во САД. Оттогаш развиваат сопствени деловни проекти, меѓу кои подкасти, серии за Netflix и сопствен бренд за производи за домот.

Ниту претставниците на војводата и војвотката од Сасекс, ниту Бакингемската палата засега не ги коментираа овие наводи.

Scroll to Top