(ВИДЕО) Нов пресврт во љубовниот триаголник? Бојан повлече неочекуван потег по гласините за Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ

Љубовните шпекулации околу Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ добија нов пресврт, откако пејачот Бојан Цвјетиќанин, кого претходно го поврзуваа со босанската пејачка, направи потег што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Корисниците на платформата X забележаа дека Цвјетиќанин повеќе не ги следи ниту Џејла Рамовиќ ниту Јаков Јозиновиќ на Инстаграм. Дел од обожавателите тоа го протолкуваа како дополнителен показател дека меѓу Џејла и Јаков навистина постои љубовна врска.
„Имаме продолжение на драмата, луѓе. Бојан ги отследи, а можеби дури и ги блокираше двајцата“, напиша една корисничка на X, коментар што брзо се прошири на социјалните мрежи.
Од професионална соработка до љубовни шпекулации
Бојан Цвјетиќанин и Џејла Рамовиќ соработуваа и во минатото. Тој беше режисер и сценарист на спотот за песната „Болка“, која Џејла ја објави во мај минатата година.
Дополнителни шпекулации за нивна можна романса се појавија кога Бојан присуствуваше на церемонијата на дипломирањето на Џејла во Барселона, по што многумина почнаа да ги поврзуваат како двојка.
Интересно е што Бојан и Јаков Јозиновиќ важеле и за блиски пријатели. Цвјетиќанин и неговиот бенд Joker Out настапија како гости на концертот на Јаков во арената „Стожице“ во Љубљана, а двајцата редовно објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Видеото што ги поттикна гласините
Новите реакции следуваат само неколку дена откако Јаков Јозиновиќ објави, а потоа брзо избриша видео на Инстаграм на кое се гледа како бакнува девојка на брод.
Иако лицето на девојката не се гледа јасно, голем број обожаватели тврдат дека станува збор за Џејла Рамовиќ. Видеото предизвика вистинска лавина коментари и дополнително ги засили шпекулациите дека двајцата се во романтична врска.
Засега, ниту Џејла Рамовиќ, ниту Јаков Јозиновиќ, ниту Бојан Цвјетиќанин не се огласија по повод гласините, па останува непознато дали станува збор за вистинска љубовна приказна или само за нова доза шпекулации што ја интригира јавноста.

ВИДЕО СО РОМАНТИЧНА СЦЕНА НА ЈАКОВ И ЦЕЈЛА

Scroll to Top