(ВИДЕО) Рекорд во Рио: Шакира собра над 2 милиони луѓе на спектакл на Копакабана

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира испиша историја со спектакуларен настап на плажата Копакабана Бич во Рио де Жанеиро, каде според медиумите и телевизијата TV Globo се собрале повеќе од 2 милиони луѓе.

Но, вистинската еуфорија започнала уште пред самиот настап. Според сведоштва и објави на социјалните мрежи, Шакира погледнала од балконот на хотелот во Рио и изненадено прашала дали толпата под неа е таму поради неа. Одговорот од илјадниците фанови бил повеќе од јасен – „секако, за кого друг би биле тука?“.

ВИДЕО ПОГЛЕД ОД ХОТЕЛОТ КОН КОПАКАБАНА

Оваа сцена уште еднаш ја потврди специфичната страст на бразилската публика, каде дури и пристигнувањето на ѕвездата во хотел се претвора во настан сам по себе.

Бесплатниот концерт, одржан на 2 мај навечер, ја претвори една од најпознатите плажи во светот во огромна сцена и масовна забава, со публика која буквално го преплави просторот. Снимките од воздух едвај ја доловуваат големината на толпата, која се протегала на километри долж крајбрежјето.

Настапот е дел од светската турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“, а интересот за концертот бил толку голем што настанот веќе се смета за еден од најпосетените музички собири во историјата.
Покрај рекордната посетеност, концертот имал и значително економско влијание врз градот, привлекувајќи туристи од целиот свет и дополнително зајакнувајќи го имиџот на Рио како глобален центар за масовни настани.

Шакира, видливо изненадена од бројноста на публиката, на сцената приреди енергичен настап, потврдувајќи го својот статус на една од најголемите светски поп ѕвезди.

Со овој концерт, Копакабана уште еднаш се запиша на мапата на историски музички случувања, а Шакира постави нов стандард за тоа како изгледа еден бесплатен концерт од светски размери.

ВИДЕО ОД КОНЦЕРТОТ НА ШАКИРА НА КОПАКАБАНА БРАЗИЛ

Scroll to Top