Познато е дека двата пола имаат тенденција да ги изневеруваат своите партнери, но кој го прави тоа повеќе…
На ова прашање се обидоа да дадат одговор на YouTube каналот „Simple Pickup“. Не беше спроведено научно истражување, туку беше направена мала видео анкета. Прашањето им било поставено на припадниците на двата пола и нивните одговори биле доста интересни.
Секој од испитаниците го објасни својот одговор и влезе во кратки дискусии со својот партнер кој има спротивно мислење.
Испитаниците се согласиле дека и двата пола изневеруваат. Мажите признаа дека имаат способност да ги изневерат своите поубави половини и дека некои тоа го правеле неколку пати. И жените го кажаа истото и потврдија дека можат да бидат со секој маж кога сакаат.
Тука е донесен главниот заклучок. И мажите и жените се согласија дека на жените им е многу полесно да ги изневерат своите мажи, т.е. дека им е полесно да стапат во контакт со маж.
“Ни е многу полесно, не мора да имаме ништо, освен гради и задник. Доволно е да го покажеме тоа и секој маж е наш”, рекла една девојка, додека одговорот на испитаникот маж ја надополнил оваа мисла:
„На жените им е полесно. Мажите мора да бидат дотерани и да покажат малку пари за да се обидат да освојат девојка, но и тогаш прашање е дали би успеале“.