Фолк ѕвездата Лепа Брена ќе одржи солистички концерт во Скопје на 15 декември во ВИП Арена Борис Трајковски на 15-ти декември. Картите се веќе во продажба. Картите за концерт на Брена можат да се купат преку мрежата на Купи карти за се, по цени од 350 до 1.200 денари.

Пред околу три месеци, таа исто така имаше свој настап во земјава, на седмото издание на Струмица Опен Фест, а лани одржа концерт во Охрид, на плажата Градиште 2. Настапи и во Штип, на манифестацијата Штипска пастрмајлијада.

Балканската ѕвезда пред три години, поради политичките случувања во земјава го откажа својот концерт во Скопје. Во тој период беше актуелно движењето „Протестирам“ кое бараше пад и одговорност од тогашната влада предводена од Никола Груевски.

„Жалам што нема да се дружам со моите фанови од Македонија, но едноставно ситуацијата е таква. Ветувам дека во најбрзо време ќе го одржам одложениот концерт“ – порача Брена по откажувањето на музичкиот спектакл.