Кино на отворено со „Панкот не е мртов“ во Градски парк

Како дел од богатата културна понуда во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028, утревечер (2.9.2023 година, сабота), на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, организираме филмска вечер на отворено со проекцијата на хитот „Панкот не е мртов“.

Филмот „Панкот не е мртов“ од режисерот Владимир Блажевски ќе почне во 20 часот.

Бесплатните кинопроекции на отворено ја збогатија културната понуда во топлите летни вечери и го привлекоа вниманието на многу граѓани што го посетуваат Градскиот парк и уживаат со проекциите на македонски филмови.

Scroll to Top