(Фото) Весна Бејби со пиво ги слушаше Нокаут

Актерката Весна Петрушевска, синоќа беше дел од славеничкиот концерт на „Нокаут“ на Кале, место каде пред 20 години групата го одржа својот прв настап.

Весна со чаша пиво уживаше меѓу публиката, која видно расположена исто како на секој нивни концерт запеа уште веднаш. „Нокаут“ на почеток направија микс од неколку песни: „Дождот“, „1000 причини за крај“, „Будење“.

Ги испеаа како една. Во полната сала посетителите веднаш почнаа да играат, а убавата атмосфера ја дополнија со многу аплауз и овации. Меѓу македонските поп ѕвезди се најде и Каролина Гочева.

Петрушевска од неодамна за Репортер откри дека e вљубена и има дечко. Таа изјави дека по долго време има момче и дека е посреќна и повљубена од кога било до сега.

„Еве, ќе ви откријам само дека имам партнер, заедно сме многу кратко време, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат“– изјави Весна за „Репортер“.

Фото: Д. Перковски

Игор Џамбазов итно однесен во болница

Scroll to Top