Под мотото „Сега е време да кажете ДА! на фустанот на вашите соништа“ на 4 февруари во хотелот „Мериот“ ќе се одржи седмиот The Bridal Fashion Night. Тука, сите идни невести на едно место ќе најдат се што им е потребно за нивната свадба – најновите креации на модните дизајнери на венчаници од Македонија и стручна помош за полесно да ја организираат венчавката.

На вечерта посветена на венчаници и свечени тоалети, модни ревии ќе одржат Ана Бора Атеље, Мина Фешн, Мари Антоанет, Матронс и Златко Јовановски. И оваа година, нова, уникатна креација ќе претстави арт-студиото за цвеќе „Фа–Бу“, кое изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе.

Идните невести што сакаат да присуствуваат на настанот треба да ги испратат нивните податоци на следниот линк најдоцна до 1 февруари. Бројот на места е ограничен.

Организатор на настанот е „Моден викенд Скопје“.