Ревии, мода, гламур на вториот ден на Моден викенд Скопје

Во „Скопје Мериот хотел“ со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainabestorymk, вчера беше отворен вториот ден од Моден викенд Скопје.

Вечерта беа претставени најновите креации на дизајнерките Ирина Тошева и Силвија Михајловска, а моделите се појавија во чевлите од „Schuster“.

Покрај креациите на македонските дизајнерки, како гости се појавија и дизајнерките од Велика Британија Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

За прв пат на Моден викенд Скопје можеа да се видат и моделите на дизајнерката Теодора Митровска од колекцијата We Are Not Machines со која беше дел од неодамнешното отворање на модната недела во Рига.

Колекцијата е инспирирана од текстилни работници и е критика на брзата мода и условите во кои истата се произведува. Преку креациите се преиспитува тенката линија помиѓу човек и машина по која, за жал, многу од овие работници се движат.

За оваа цел во колекцијата се среќаваат парчиња од неконвенционални материјали како „ПВЦ“, индустриска гума и цврста пластика кои го трансформираат телото во надчовечко.

Колекции од Теодора Митровска

Пред македонската публика за прв пат беа презентирани и модните парчиња на Кренаре Ругова кои се
изработени користејќи бавна мода за да претстават нови форми на размислување однапред.

Вечерта заврши со колекцијата „Full of Grace“ на дизајнерката Силвија Михајловска поддржана од „Amstel“. Станува збор за дневни и вечерни креации инспирирани од Грејс Џоунс позната актерка, модел и пејачка.

Михајловска оваа 2018 година заокружува два нејзини зачајни јубилеи, 20 години од првата
самостојна ревија на ФЛУ, како и 10 години од постоењето на нејзиното модно ателје „Алшар“.

Колекција од Кренаре Ругова

Моден викенд Скопје продолжува и вечерва со модна ревија на студентите од Академијата за моден дизајн
„Џолев и уметностите“ и „Сивус едукативен и развоен центар“, италијанскиот накит „SIGMA jewelry“,
„Matrons dresses“ и Олгица Ѓоргиева поддржана од „БИСИ“,„Soul Kitchen Bar“ и „Bella Vista“.

Колекции од Ирина Тошева

 

 

Scroll to Top