По елиминацијата на Јувентус од Порто во вторникот и синоќешното реми вчера на Барселона против ПСЖ, Лигата на шампиони, за првпат по 2005 година, ќе биде без Роналдо и Меси.
Во последните 16 години и двајцата најдобри фудбалери на денешницата секогаш биле дел од завршницата на најелитното европско фудбалско натпреварување.
Јувентус на Роналдо беше елиминиран од Порто во вторникот. Иако „старата дама“ победи на домашен терен со 3:2, сепак голот плус во гости ги однесе Португалците во следната фаза.
Барселона одигра само 1:1 во реваншот со ПСЖ, кој имаше предност од три гола уште во првиот натпревар. Во 2005 година, последен пат кога се случи ова, Барселона беше исфрлена од Челзи со вкупни 5:4, додека Манчестер јунајтед, за кого тогаш играше Роналдо, испадна од Милан.
Роналдо потоа ја освои Лигата на шампионите и со Манчестер (еднаш) и со Реал Мадрид (четири пати), додека Меси ѝ донесе четири европски трофеи на Барселона.