10 години затвор за фудбалерот Робињо оти силувал па брутално понижувал девојка од Албанија

Славниот бразилски фудбалер Робињо доби затворска казна од девет години, уште кон крајот на 2020 година, а сега тоа го потврди и Апелациониот суд во Милано, откако неговата жалба беше одбиена.

Во 2013 година Робињо учествувал во групно силување на девојка од Албанија, во ноќен клуб.

Судот во одлуката навел дека Робињо ја „омаловажил“ и „брутално ја понижил“ жртвата која го славела 23. роденден ноќта кога била нападната и силувана во познат милански ноќен клуб, објави италијанскиот весник „Ла Република“.

Поранешниот фудбалер нема да може да ја избегне затворската казна, но има можност уште 45 дена да се жали до последната инстанца на правниот систем во Италија, Касациониот суд во Рим.

И бразилската министерка за човекови права,Дамараја Алвис е свесна за санкциите за Робињо.

„Веднаш во затвор. Немам што друго да кажам. Има уште една жалба, но што се може? Само затвор. Ниту еден силувач не смее да биде награден“, рече неодамна Дамараја Алвис.

Робињо ја започна кариерата во Сантус, а во неговата биографија има клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан.

Scroll to Top