Парична награда од Владата за вицешампионот во теквондо Дејан Георгиевски

Владата на РМ одлучи вицешампионот во теквондо на Олимписките игри во Токио Дејан Георгиевски да го награди со 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000.00 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Scroll to Top