Адеми повторно се повреди, нема да игра со Германија во квалификациите за Светското првенство

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повреди вчера на натпревар од Купот на Хрватска и најверојатно ќе ги пропушти октомвриските квалификации за Светското првенство во Катар. Македонија во октомври ќе игра два натпревара, првин ќе гостува кај Лихтенштајн, а потоа ќе ѝ домаќин на Германија.

„Капитенот Адеми се повреди пак. Почувствува болка. Ќе видиме каква е неговата состојба. Се надеваме дека повредата не е сериозна“, рекол тренерот на Динамо, Дамир Крзнар, за клупската интернет-страница.

Адеми, поради повреда, претходно ги пропушти квалификациските натпревари против Ерменија, Исланд и Романија.

Scroll to Top