Aдеми стигна до 19. трофеј во кариерата: Целиот се ежам кога ќе помислам дека сум играч со најмногу трофеи во Динамо

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми синоќа стигна до 19. трофеј во кариерата, откако со Динамо Загреб ја освои двојната круна во хрватскиот шампионат.

Тој е убедливо најтрофејниот фудбалер во историјата на хрватскиот клуб. Деветнаесетте титули ги освои во период од осум сезони во Динамо. Десет ги освои во шампионатот, шест во Купот на Хрватска и три во Суперкупот на Хрватска. Две сезони не играше поради суспензијата со допинг.

„Навистина се ежам кога ќе помислам дека сум најтрофејниот фудбалер во историјата на Динамо Загреб. Кога доаѓав во Динамо во 2010 година воопшто не размислував на вакво нешто. Ако некој ми кажеше дека ќе успеам да дојдам до ова, ќе му кажев дека е луд. За мене е чест што влегувам во друштво на такви легенди кои играле за Динамо. Морници ме лазат на помислата дека покрај едни такви величини кои играле во клубот, јас сум најтрофејниот“, истакна Адеми по вчерашното освојување на Купот на Хрватска.

Scroll to Top