Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, потпиша договор со прволигашот Ал Фаја од Саудиска Арабија. Тој во следните 18 месеци ќе настапува за саудискиот клуб, за плата од 1,5 милиони евра годишно.
Крилниот напаѓач на македонската репрезентација заминува во саудискиот тим од редовите на данскиот прволигаш Алборг. Во новиот клуб тренер ќе му биде српскиот стратег Вук Рашовиќ.
Трајковски (29) кариерата ја почна во Цементарница Скопје, а потоа настапуваше во многу клубови, меѓу кои и Палермо и Мајорка. Тој е втор најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација, со 19 гола на 75 натпревари.
Трајковски стана втор македонски фудбалер кој ќе игра во Саудиска Арабија, откако лани Џани Алиоски потпиша за Ал Ахли.