Алиоски потпиша за Галатасарај

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски потпиша договор со турскиот тим Галатасарај. Тој деновиве и официјално ќе се пресели во Истанбул, пренесува турскиот весник „Фанатик“.

Покрај Галатасарај, интерес за него покажаа претходно и Трабзон и Фенербахче. Но, по четири месеци преговарање, Алиоски и Галатасарај ги завршија преговорите.

Овој клуб беше пред потпис со Алиоски уште во текот на премиерлигашката сезона, тогаш трансферот се одолговлечи, за сега конечно да бидат договорени сите детали за тригодишната соработка.

Scroll to Top