Американците бараат повторување на трката на 100 метри на Олимпијадата во Токио, откако италијанскиот атлетичар Ламонт Марсел Џејкобс (26) прв ја мина целта со време од 9,80 секунди и постави нов европски рекорд. Тие велат дека имал побрзи патики и дека ги прекршил правилата.
Сепак, организаторите не го прифатија нивното барање, а Џејкобс стана првиот Европеец кој успеал да победи по 29 години, првпат по ЛОИ во Барселона. Според пресметките на маркетинг-менаџерите, златото може да му донесе заработка од пет милиони евра.
Тој е роден во Ел, Пасо Тексас од татко Американец и мајка Италијанка. Поголемиот дел од животот го минал во Италија, па затоа се одлучил и да трча под знамето на оваа земја, каде што работи како полицаец за плата од 1300 евра.
На трката на 100 метри, сребрениот медал го освои Фред Керли од САД кој беше за четири стотинки поспор од Италијанецот, додека бронзениот медал го освои Канаѓанецот Андре де Грас со време од 9,89 секунди.