Фудбалските навивачи во Англија почнаа петиција со која бараат да се преигра финалето на Евро 2020, а причина за ова е судењето пред крајот на регуларниот дел од натпреварот кога капитенот на Италија, Џорџо Кјелини, го влечеше за дрес играчот на Англија, Букајо Сака.
Во 96. минута Сака тргна во контранапад, а Кјелини загуби рамнотежа, па со двете раце го фати Сака за горниот дел од дресот кај вратот и силно го повлече за да спречи негов продор покрај десната аут линија. Англискиот фудбалер падна на тревата, а италијанскиот стопер за овој старт доби жолт картон. Многумина сметаат дека неговата казна е премала, а фановите веднаш бараа исклучување.
Со петицијата се бара да се повтори финалето, а да суди арбитер кој нема да е пристрасен. Иницирани се повеќе петиции и според информациите на англиските медиуми, одѕивот на нив е голем.
За потсетување, Англија загуби на пенали од Италија, 3:2, а по продолженијата, резултатот беше 1:1.