Данските власти преговараа со организаторот за нивните навивачи да може да влезат во Велика Британија и да ја напуштат без обврска за самоизолација, но обидите пропаднаа.
Интересно е тоа што Данска слично ја реши ситуацијата со руските навивачи за мечот од групната фаза во Копенхаген, а тогаш на Русите им беше забранет влез бидејќи не се дел од Европската Унија.
Данските навивачи се надеваат дека ќе го повторат успехот на генерацијата од 1992 година, која во Шведска стана европски првак, а големи очекувања имаат и Англичаните, кои се надеваат дека нивната репрезентација ќе се пласира во финалето на Евро 2020.