Англичаните со закани и расистички навреди за Сака, Рашфорд и Санчо откако ги промашија пеналите против Италија

Откако Англија загуби во финалето на Европското првенство, фудбалските фанови почнаа да им се закануваат и со расистички коменатри да ги навредуваат Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Жадон Санчо, играчите кои ги промашија пеналите против Италија.

„Не ни требаат црнчишта во репрезентацијата“, „Одете си дома“, „Земи банана мајмуну“, „Не треба да сте живи“, „Чувај си го грбот“, е само дел од говорот на омраза и коментарите што се појавија на социјалните мрежи по поразот на Англија.

Ваквото однесување на фановите го осуди премиерот Борис Џонсон, кој рече дека сите фудбалери треба да се третираат како национални херои, оти Англија првпат во историјата стигна до финалето на едно Европско првенство.

„Никој од овие момци не заслужува да биде навредуван на било која основа, најмалку поради бојата на кожата. Коментарите на социјалните мрежи и во јавноста мора да престанат. А заканите по живот на тројцата фудбалери ќе ги испита полицијата“, рече Џонсон и го осуди говорот на омраза.

Иста реакција имаше и Англиската фудбалска федерација, која со години работи под мотото „Стоп за расизмот“, а кое е дел од програмата на УЕФА.

И покрај негативните коментари, тројцата фудбалери добија и многу пораки со поддршка. „Во секое време би ги избрал овие тројца Англичани пред кој било расистички морон што живее во земјава“, „Стојам со Рашфорд, Санчо и Сака, и со целиот тим што нè направи горди на ова првенство“

Scroll to Top