Атлетико и Барса се договорија во минута до 12, „јорганџиите“ го продадоа Гризман за 120 милиони евра, а го вратија за 40

Атлетико Мадрид и Барселона успеаа да се договорат во последните моменти од истекот на трансфер-рокот за ангажманот на Антоан Гризман. „Јорганџиите“ успеаа повторно да го вратат Французинот во своите редови за 40 милиони евра откако претходно им го продадоа за 120.

Гризман играше за Атлетико Мадрид пет сезони и беше прва ѕвезда во клубот пред да се пресели во Барселона во 2019 година. Каталонците се надеваа дека како замена ќе го добијат Жоао Феликс, но до тоа не дојде.

Гризман постигна 35 гола во двете сезони, колку што ги мина на „Камп ноу“. Продажбата доаѓа откако Барселона се најде во незавидна финансиска ситуација, со 1,35 милијарда евра долг, и не успеа да го задржи Лионел Меси во клубот.

Капитените на клубот ги скратија високите плати за да може да се комплетираат договорените трансфери и да се регистрираат играчите. Барселона претходно ги продаде Илаиш Мориба на РБ Лајпциг за 15 милиони евра и Емерсон Ројал на Тотенхем.

Ројал ова лето пристигна на „Камп ноу“ од Реал Бетис. Атлетико во Гризман гледа замена за Саул Нигуез, кого го пратија во Челси на заем за 5 милиони евра со опција за купување за 40 милиони евра.

Scroll to Top