Баерн против ПСЖ и Реал со Ливерпул, познати двојките за четврт и полу-финалето во ЛШ

Познати се двојките за четврт и полу-финалето во најпрестижното клупско натпреварување во светот, Лигата на шампиони. На ждрепката во Нион, се најдоа три тима од Англија, два од Германија и по еден од Шпанија, Португалија и Франција. Прв пат по пет години, Италија нема екипа меѓу најдобрите осум во Европа.

dobivaj vesti na viber

Ждрепката во четврт-финалето, ги спои минатогодишните финалисти, Баерн и ПСЖ и ова е едно од двете дерби средби во оваа фаза, втората е Реал-Ливерпул. Актуелниот европски првак, доколку го мине ПСЖ и во полу-финалето ќе има тешка задача бидејќи веројатно ќе игра против Манчестер сити. „Граѓамиѕе“, во четврт-финалето, се фаворити против Борусија Дортмунд.

Четврт-финални двојки:

Манчестер сити- Борусија Дортмунд
Порто-Челси
Баерн Минхен-ПСЖ
Реал Мадрид-Ливерпул

Полу-финални двојки:

Бајерн Минхен/ПСЖ- Манчестер сити/ Борусија Дортмунд
Реал Мадрид/Ливерпул- Порто/Челси

Првите натпревари ќе се одиграат на 6. и 7.април, а реваншите се една недела подоцна.

Полу-финалните дуели ќе се играат на 27. и 28.април, реваншите на 4. и 5.мај, а финалето во Истанбул на програмата е на 29.мај.

Денеска се извлекоа и двојките за Лига Европа. Динамо Загреб, кој вчера го направи најголемото изненадување во натпреварите од 1/8 финалето во Лигата на Европа, елиминирајќи го Тотенхем, се падна во Виљареал во битка за пласман во полуфиналето на ова натпреварување.

Арсенал ќе игра против Славија Прага, додека Гранада ќе го пречека Манчестер Јунајтед. Ајакс ќе игра против Рома. Победникот од дуелот Динамо Загреб – Виљареал ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од мечот Арсенал – Славија. Подобриот од мечот Гранада – Манчестер Јунајтед ќе игра со победникот од двомечот меѓу Рома и Ајакс.
Scroll to Top